ТЕЛЕГРАМА СО СОЧУВСТВО ПО ПОВОД УПОКОЕНИЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ОД СТРАНА НА МИТРОПОЛИТОТ АВСТРАЛИСКО-НОВОЗЕЛАНДСКИ Г. СИЛУАН ОД СПЦ

По повод упокоението на нашиот надлежен архиереј, Митрополитот Тимотеј, меѓу големиот број телеграма добиени од страна на црковните општини, до Епархискиот управен одбор на нашата Австралиско-сиднејска епархија пристигна телеграма со сочуство од страна на Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Силуан од Српската епархија Австралиско-новозеландска со седиште во Сиднеј.

Во телеграмата (е. бр. 163/24, која интегрално ја објавуваме ) од 27 ноември, 2024 година, меѓудругото  е запишано:

Со жалост, но и со христијанска надеж во вечниот живот по дарот на Оној, Кој е Живот и Вистина, а истовремено имајќи го во предвид и нашето земно патување кон Него во Царството Небесно, ја примивме веста за упокојувањето на нашиот драг во Христа брат и сослужител Митрополитот дебарско-кичевски, плаошки и Администратор австралиско-сиднејски г. Тимотеј…