Архистратизи Божји, служители на Божествената слава,
началници на ангелите и наставници на луѓето,
полезно за нас просите и голема милост, како бестелесни Архистратизи.
(Кондак на Св. Арх. Михаил и бестелесните сили, гл. 2)
На 21. 11. 2018 година, денот кога го чествуваме споменот на Светиот Архистратиг Михаил и на другите Сили небесни бестелесни, низ храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови.