СЕ ОТВОРИ НОВА ЦРКОВНА ПРОДАВНИЦА ПРИ ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ, МЕЛБУРН (ВИКТОРИЈА)

Денес, на 28. 03. 2024 година при храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија) се отвори нова црковна продавница како најнов проект на оваа црковна општина.

Во продавницата може да се најдат икони, книги, бројаници и други црковни предмети.

Црковната општина изразува своја благодарност за реализацијата на овој проект до MOCMV и до MIJAK-Construction.