Со длабоко жалење ја примив веста за упокојувањето на почитуваниот Митрополит г. Тимотеј. Неговата смрт е голема загуба за Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, но и за сите православни верници.
Митрополитот Тимотеј беше докажан и почитуван духовен водач и учител, кој животот им го посвети на црквата, на верата и на спасението на своите верници.
Со посветеностa на Божјата работа, со мудроста и со неуморниот труд, постојано ја зацврстуваше верата, го водеше народот по Божјиот пат и ја помагаше духовната и материјална изградба на црквата, како во татковината, така и во дијаспората.
Важеше за исклучителен свештеник и учител во Богословијата.
Целосно ѝ се посвети на архипастирската служба во Австралија и Дебарско – Кичевската Епархија.
Неговата решителност во заштитата и унапредувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е непроценлив придонес кон македонското духовно наследство.
Нека Бог му дарува вечен спокој.
Вечна му слава,
Гордана Сиљановска Давкова