ПАНИХИДА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ЏИЛОНГ

На 04. 05. 2024 година по повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, во црковната општина „Свети Јован Крстител“ во Џилонг, старешината на храмот протојереј-ставрофор Чедомир Илиевски отслужи парастос на кој прусуствуваа голем број верници.