На 09. 06. 2024 година, во 6 Недела по Воскресение (на Слепородениот), кога го празнуваме споменот на Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски; светите маченици Теодора и Дидим; свети Давид Гареџиски и на светиот Јован Руски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот ерејот Владо Недески во сослужение со свештеникот Александар Ивановски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.