Кратко житие на преподобен Максим Исповедник (03. 02)

Преподобен Максим Исповедник е еден од врвните византиски теолози и свети философи на Црквата, творец на широкиот теолошки систем кој ја сумблимира христијанската мисла од Ориген до псевдо-Дионисиј Ареопагит, дефинирајќи ги границите на хеленското неоплатонистичко влијание, како она на Плотин и Прокло. Неговата исклучителна слава во црковната историја е изградена врз неизморната и енергична борба против монотелитската ерес. Црквата високо го почитува овој философ на Православието, и неговиот спомен се празнува на 3 февруари (21 јануари), а преносот на неговите свети мошти – на 26 август.

 

 

Житие

 

Преподобен Максим Исповедник се родил во Константинопол околу 580 година и израснал во благочестиво христијанско семејство. Во младоста добил широко образование: ја изучил философијата, граматиката, риториката, бил начитан од древните автори и совршено ја владеел богословската диалектика. Кога Преподобен Максим стапил на државна служба, знаењата и добросовестноста му овозможиле да стане прв секретар на императорот Ираклиј (611 – 641). Но, дворскиот живот го оптоварувал и тој се оддалечил во Хрисополската обител /манастир/ (на спротивниот брег на Босфор – сега Скутари), каде што примил монашки постриг. Со своето смиреномудрие тој набргу ја стекнал љубовта од браќата и бил избран за игумен на манастирот, но и во тој чин, според својата необична скромност, тој бил, според неговите зборови, „останувајќи прост монах”. Во 633 г. по барање на еден богослов – идниот светител, Ерусалимскиот Патријарх Софрониј, Преподобен Максим ја оставил обителта и заминал во Александрија.

Свети Софрониј станал познат во тоа време како непомирлив противник монотелитската ерес. Потоа, откако IV Вселенски Собор (451 г.) ги осудил монофизитите, кои исповедале една (Божествена) природа во Господа Исуса Христа, еретиците – монотелити го вовеле поимот една Божествена волја и едно (Божествено) дејствување, што водело кон признавање на отфрленото монофизитско лажно учење. Монотелитството нашло многубројни следбеници во Ерменија, Сирија, Египет. Ереста, засилена со национална омраза, станала сериозна опасност за црковното единство на Истокот. Борбата на Православието со ересите особено се усложнила со тоа што во 630 г. три патријаршиски катедри на Православниот Исток се покажале како заземени од монофизити: Константинополскиот – Сергиј, Антиохијскиот – Атанасиј, Александријскиот – Кир.

Патот на преподобниот Максим од Константинопол во Александрија минувал преку Крит, каде и започнала неговата проповедничка дејност. Таму тој се судрил со епископатот, кој се придржувал до еретичките гледишта на Севериј и Несториј. Во Александрија и нерјзината околина преподобниот поминал околу 6 години. Во 638 г. императорот Ираклиј заедно со патријархот Сергиј, стремејќи се да ги намали вероисповедните разногласија, издал указ, таканаречен “Ектесис” – “Изложение на верата”, кој ултимативно заповедал да се исповедува учењето за една волја при двете природи на Спасителот. Заштитувајќи го Православието, Преподобен Максим се обраќал кај луѓе од различни звања и положби. Тие разговори имале успех. “Не само клирот и сите епископи, туку и народот, и сите светски началници чувствуваа во себе некаква неодолива наклоност кон него” – сведочи неговото житие.

При крајот на 638 г. умрел патријархот Сергиј, а во 641 г. – и императорот Ираклиј. Императорскиот престол го зазел жестокиот и груб Констанс II (642 – 668), отворен припадник на монотелитите. Се засилиле нападите од еретиците врз Православието. Преподобен Максим заминал во Картагина и проповедал таму и во околината уште 5 години. Кога таму пристигнал преемникот на патријархот Сергиј, патријархот Пир, кој го напуштил Константинопол заради дворските интриги, а по убедување – монотелит, меѓу него и преподобниот Максим, во јуни 645 г. настанала отворена расправа, на која Пир сенародно ги признал своите заблуди и посакал дури да му врачи на папата Теодор писмено откажување од нив. Преподобен Максим заедно со Пир тргнал во Рим, каде што папата Теодор го примил покајанието од бившиот патријарх и го восстановил во чинот.

Во 647 г. Преподобен Максим се вратил во Африка. Таму, на соборите на епископите, монотелитството било осудено како ерес. Во 648 г. наместо “Ектесисот” излегол нов указ, кој што константинополскиот патријарх Павле го составил по порака од Константин – “Типос” – “Образец на верата”, кој забранувал секакви расудувања сеедно дали за една волја, или за двете волји при признавање на две природи на Господ Исус Христос. Тогаш Преподобен Максим се обратил кај папата Мартин I, кој го сменил папата Тодор Римски (649 – 654) со барање да го изнесе прашањето за монотелитството на соборно разгледување од целата Црква. Во октомври 649 г. бил собран Латеранскиот Собор, на кој присуствувале 150 западни епископи и 37 претставници на Православниот Исток, среде кои бил и Преподобен Максим Исповедник. Соборот го осудил монотелитството, а неговите заштитници, Константинополските патријарси Сергиј, Павел и Пир, биле предадени на анатема.

Кога Констанс II ја добил определбата од Соборот, тој заповедал да ги фатат и папата Мартин, и преподобниот Максим. Таа заповед била исполнета за пет години, во 654 година. Преподобен Максим го обвиниле за предавство на татковината и го затвориле во затвор. Во 656 г. тој бил испратен во Тракија, а потоа повторно доведен во Константинополскиот затвор. Преподобниот и двајцата негови ученици ги подложиле на најжестоки испрашувања: на секого од нив му ги отсекле јазикот и десната рака. Потоа ги испратиле во Колхида. Но, таму Господ јавил неизречено чудо: сите тие добиле способност да говорат и да пишуваат. Преподобен Максим го предскажал своето упокоение (+ 13 август 662 г.). Во грчките пролози на 13 август се укажува како на датум кога се пренесени неговите мошти во Константинопол. Тоа веројатно е сместено во датумот на упокението на преподобниот. Восстановувањето на споменот на 21 јануари е заради тоа што одданието на празникот Преображение Господово се празнува на 13 август. Над гробот на преподобен Максим ноќе се запалувале три чудесно појавени светилници и се извршувале многу исцелувања.

 

Богословско творештво

 

Преподобен Максим Исповедник на Црквата ѝ оставил големо Богословско наследство. Неговите егзегетски трудови содржат објаснувања на тешки места во Светото Писмо, толкувања на Господовата молитва и 59-от псалм, схолии кон творбите на свештеномаченикот Дионисиј Ареопагит (псевдо-Дионисиј). Во екзегетика спаѓа и објаснувањето на Богослужењата, насловено “Мистагогија” (”Вовед во тајната”).

Во христологијата, преподобен Максим ја застапувал диофизитската позиција (дека Христос има и човечка и Божја природа) и тоа во еден важен период кога Црквата била потресена од монофизитската ерес, на чија страна се наоѓале и Вселенскиот патријарх и византискиот цар. Поради чистотата на својата вера бил прогласен за еретик, протеран во изгон, каде и се упокоил. Шестиот вселенски собор го потврдил неговото богословие како боготкриено богословие на едната Света Соборна и Апостолска Црква.

Во догматските трудови на преподобниот спаѓаат: неговото изложение на расправата со Пир, неколку трактати и писма до различни лица. Во нив се содржи изложување на Православното учење за Божествената суштина и (Божествените) ипостаси, за Боговоплотувањето и за обожението на човечката природа.

На Преподобен Максим му припаѓаат и антрополошки трудови. Тој ја разгледува природата на душата и нејзиното свесно – лично суштествување по смртта на човекот. Меѓу наравствените /етичките/ творби особено се важни “400 стотици за љубовта”. Преподобен Максим напишал и три химни во најдобрите традиции на црковната химнографија, кои имаат почеток од светителот Григориј Богослов.

Богословието на преподобен Максим Исповедник е заосновано на духовното искуство на знаењето на големите отци – пустиници, ја ползува вештината на дијалектиката, изработено е врз предхристијанската философија, а било продолжено и развиено во трудовите на преподобен Симеон Нов Богослов.

 

Химнографија

Тропар

глас 3.

Низ Духот излеа потоци на учење за Црквата;

го објасни себе-испразнувањето на Бог Словото,

и засветли во твојата борба како Исповедник на Верата;

свет отче Максиме, моли го Христа Бога

да ни ја дарува Неговата голема милост.

 

Кондак

глас 8.

 

На Троица љубителот и великиот Максим,

кој поучува јасно за божествената вера;

за да се слави Христос Кој е во две природи, волји и дејства,

во достојни песни, верни, да го почитуваме,

велејќи: Радувај се, проповеднику на верата.

 

глас 6.

 

Откако трисветлата светлина се всели во твојата душа,

избран сад те покажа, себлажен;

јавувајќи ги краиштата на божествените,

нелеснодостижни знаења ти кажуваш, блажен,

и Троица на сите – Максиме, ја проповедаш јасно

– Надприродната, Безпочетната.