Небесата достојно да се веселат, а земјата нека се радува; нека празнува светот – видливиот и невидливиот, зашто воскресна Христос, радоста наша вечна
На 08. 04. 2018 година, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот презвитер Климент Станковски го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!