
На 18. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува празникот +Водокрст и споменот на Преподобната мајка Синклитикија; Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона; Светиот пророк Михеј I; Преподобна Аполинарија, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски во сослужение на протојереј Александар Ивановски и на старешината на храмот, презвитерот Игор Младеновски, служеше Царски часови и Света Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Светата Литургија беше извршен Голем водосвет.