Како да те погребам, Боже мој? Со каква плаштаница да Те завиткам? Со кои раце да се допрам до Твоето нетлено тело?
На 06. 04. 2018 година, во Светиот и Велики петок од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот презвитерот Климент Станковски отслужи Царски часови и Вечерна богослужба со изнесување на Плаштаница, на која символично се соврши симнувањето од Крстот и и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело.
На богослужението учество зеде мноштво верен народ.