Велигденска посета

На 18. 04. 2017 година (вторник од Светлата седмица), старешината на храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, јерејот Климент Станковски по повод Велигденските празници го посети македонскиот народ во старските домови, како и претставниците на македонскиот бизнис и им го честита празникот Воскресение Христово – Велигден.

 

Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
на тие во гробовите
живот им подари!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!