На 07. 12. 2017, во предвечерието на празникот Свети Климент Охридски, кој е патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) во сослужение на ерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба, со што започна торжественото празнување на манастирската слава.
На богослуженито учество зеде мноштво народ.