На 14. 01. 2018, во неделата пред Богојавление (Водици), кога Светата Црква го празнува празникот Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Светата Литургија беше прочитана молитва за почеток на Нова Година и беа изнесени моштите на свети Василиј на поклонение. Верниот народ се поклони на моштите на светителот со царско име – Василиј