На 14. 01. 2018, во неделата пред Богојавление (Водици), кога Светата Црква го празнува празникот Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, протојереј – ставрофор Ѓорѓија Лапоски служеше Света Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Светата Литургија беше прочитана молитва за почеток на Нова Година.