
Господи Боже мој, Ти пеам песна проштална и погребна, Тебе, Кој со Твоето погребение ми ги отвори вратите на животот и, со смртта – смртта и адот ги уништи
На 06. 04. 2018 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Света вмч. Недела’ во Голд Кост, протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.
По литијата и трикратниот опход околу храмот, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.