
Си слегол во долните места, за да исполниш сѐ со Твојата слава: од Тебе не се скри мојата падната природа од Адама. Но, погребан, ме обновуваш мене изгниениот, Човекољупче!
На 06. 04. 2018 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот презвитерот Климент Станковски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.
По литијата и трикратниот опход околу храмот, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.