
Слава на Твоето долготрпение Господи!
На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски во сослужение на старешината на храмот презвитерот Игор Младеновски отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово.
На богослужението учество зеде мноштво верен народ.