На 14. 04. 2017 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот, протојереј – ставрофор Ѓорѓија Лапоски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово.
На службата учество зеде мноштво верен народ.
Кога сакаше во гробот телесно да се заклучиш, Ти, кој според природата на Божеството си неопислив, и неопределен, дувлата на смртта ги заклучи, и сите царства адови ги уништи. Тогаш и оваа сабота ја удостои за божествениот благослов и слава, и за Твојата светлина.