На 09. 01. 2018 година, кога ги празнуваме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата беа благословени приносите.