Света Архиерејска Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

„Лазар, пријателот наш, заспал; целото човештво заспало но ќе отидам да го разбудам“

 

На 31.03.2018 година, во Шестата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува Воскресението на Лазар Четиридневниот – пријателот Господов (Лазарева сабота), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл беше отслужена Света Архиерејска  Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски, протојереј-ставрофор Димче  Ѓорѓиески, протојереј Александар Ивановски, јереј Владо Недески (старешина на храмот) и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Митрополитот Тимотеј за време на Литургијата се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По завршувањето на Литургијата беше извршен парастос за упокоените ктитори на храмот.