Нa 09.01.2017 гoдинa, нa прaзникoт нa светиoт првoмaченик и aрхиѓaкoн Стефaн, вo хрaмoт “Св. Ѓорѓи и Прес. Бoгoрoдицa” вo Епинг, Мелбурн, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa прoтoереј-ставрoфoр Ефтим Бетински, игуменот Гaврил, прoтoерејoт Никoлa Христoски, свештеникoт Климент Стaнкoвски и прoтoѓaкoнoт Никoлче Ѓурѓинoски. Пред пoчетoкoт нa Литургијата, беше извршен чинoт нa oчистувaње нa хрaмoт. Пo зaвршувaњетo нa Литургијата, беше прекршен празничниот кoлaч, a Митрoпoлитoт Тимoтеј се oбрaти кoн мнoштвoтo верни сo пригoднa беседa, кoјa пoдoлу вo целoст ви јa пренесувaме.
Митрoпoлитoт се oбрaти и личнo кoн сите верници кaкo и членовите на Упрaвaтa oд oвaa нaшa црквa, нa кoи им пoрaчa декa сo доаѓањето нa нoвиoт легaлен свештеник, oтец Климент Стaнкoвски, тие нaпрaвиле потег сo кoј пo дoлги гoдини се враќаат кoн единственaтa Мaјкa Црквa. Митрoпoлитoт ги oхрaбри и дa не се плaшaт и дa знaaт декa никoј, ниту тoј личнo, ниту некoј oд Синoдoт, не се зaинтересирaни зa нивните имoти, туку единственo се зaинтересирaни зa нив, кaкo членoви нa Црквaтa, чијa глaвa е Христoс. Митрoпoлитoт им гo честитa прaзникoт сo желби и молитви нивниот пaт секогаш дa биде прaвилниoт пaт, единствениoт кoј вoди вo Цaрствoтo Бoжјo. Нa свечениoт ручек, свoј пoздрaвен гoвoр имаше и претседателот нa црковната oптшинa вo Епинг, г-дин Мирчo Ангелoски.
Митрополит Тимотеј
Христос се роди!
Драги браќа и сестри,
Денеска, нашата света Православна црква го прославува светиот архиѓакон и прв маченик Стефан. Св. ап. Павле, советувајќи го својот сакан ученик Тимотеј, во Второто послание му пишува: „Поднесувај страдања како добар војник на Исуса Христа” (2. Тим. 2, 3). Овие зборови, иако се упатени на апостолот Тимотеј, тие се однесуваат на секоја христијанска душа којашто треба да биде, во права смисла, војник Христов. Кога ап. Павле вели дека треба да војуваме, тоа подразбира дека ние, како христијани, пред себе имаме непријател. Непријател со кој треба да се соочиме и да отвориме војна. Најголем непријател на човечката душа е гревот. Гревот доаѓа од нашата внатрешност, од умот, од волјата, од страстите, и ние, како христијани, должни сме со овие непријатности да се бориме, односно, да се обидеме да ги оттргнеме и на нивно место да дадеме простор за добродетелите во нашиот живот. Уште од почетокот непријателот се труди да ги измами сите луѓе. Да ги измами и да ги наведе да одат по погрешниот пат. Тој непријател, ѓаволот, се труди со големи сплетки, измами и сценарија да нè наведе на грев, на страст, и да нè оддалечи од Бога, од правдата и од вистината. Во Светото писмо ѓаволот се нарекува „татко на лагата” (Јн. 8, 44). Не треба да заборавиме дека ѓаволот не доаѓа само со една измама, туку, со многу. Затоа, мнозина потклекнуваат во таа борба и се предаваат во рацете на злобниот, нечестивиот и злокрвникот.
Нашиот Спасител Господ Исус Христос, како Свои војници нè опремил и ни дарувал оружје. Оружје со кое можеме да се бориме против овие замки и интриги на нечестивиот. Тоа оружје е нашата вера во Господа Исуса Христа. Верата ни дава сила да можеме сите овие искушенија да ги надминеме и да ги победиме. Покрај внатрешните борби, нас, како христијани, нè пресретнуваат и надворешни, телесни борби. Тоа се болестите, страдањата и измачувањата. И таму нечестивиот повторно се вклучува. Се вклучува за да ги исползува овие слабости како би нè оддалечил од Бога. Да нè наведе на хулење, на откажување од верата, од Црквата, и на крај, од Бога. Но, нашата вера нè учи дека треба да бидеме трпеливи и сите искушенија и маки да ги поднесуваме со трпение и да ја исполнуваме волјата Божја. И кој претрпи до крај, ќе биде спасен. Самиот Господ Исус Христос ни вели: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам” (Мт. 11, 28).
Ние, како христијани, имаме безброј примери во долгата и страдална историја на Црквата Христова. Таа нè поучува, но, не само со збор, не само теоретски, туку, и со практичен живот на одделни свети луѓе, кои овие зборови на ап. Павле и на Господа Христа ги преточиле во својот сопствен маченички живот.
Денеска, прославувајќи го светиот архиѓакон Стефан, од Апостолот, што го слушнавме на светата Литургија, видовме какви страдања и какви маки, какви понижувања претрпел овој Христов војник. Тој ќе ја жртвува својата младост, својата убавина и својот живот и ќе биде каменуван. Но, во ниту еден момент не се поколебал во Господа Христа. Поради ова негово сведоштво, односно страдање, ќе добие вечен и блажен живот во царството Божјо. Тој ќе биде удостоен, уште пред да го напушти овој свет, да ја види небесата отворена и како Господ Христос седи оддесно на Бога Отецот на Престолот. Сето тоа го доживеал и видел благодарение на неговата силна и непоколеблива вера во Христа Бога. Св. архиѓакон Стефан, не само што не ги осудува, не ги колне и не ги моли да го поштедат од каменување своите надворешни непријатели, туку, Го моли Господа Бога: „Господи, не примај им го ова за грев!” (Дела 7, 60). Таква љубов можат да покажат само духовните војници и свети луѓе.
И ние денеска што се наоѓаме во овој свет храм, да се поучиме од силната и непоколеблива вера, и од трпението на св. Стефан. Па од таа вера да всадиме во нашите срца и души, та и ние да можеме да го победиме, како внатрешниот, така и надворешниот непријател. А сето тоа преку молитвата и трпението, и помогнати од благодатта Божја која ни ја дава нашиот Спасител Господ Исус Христос.
Свети архиѓаконе Стефане, моли Го Бога за нас! Амин.
Св. архиѓакон Стефан
09.01.2017
Мелбурн, Австралија
Преземено од: http://dke.org.mk/index.php/2953-o-o