И ете, братја, да не остане без спомен, братот (по дух) на блажениот Климент, и содругарот и сострадалникот негов, зошто многу маки претрпе и страданија со него, од еретиците, Наум презвитерот (свештеникот).
Кога Климента за епископ го поставија, тогаш благоверниот кнез Симеон го испрати во Кутмичевица собратот негов Наум, на негово место, да учителствува. И тој ототогаш, во благоугоден подвиг продолжи да пребива, дественоста уште од деството запазувајќи ја, па сè до скончанието. И манастир сотвори на изворот на Белото Езеро Охридско, со црква на светите Архангели посветена, и помина така учителствувајќи седум години. Потоа го напушти учителствувањето и во манастир поживеа десет години ; пред скончанието свое примајќи образ на црноризец (монах, калуѓер). И така се представи во Господа, во мир, на дваесет и трети декември (+910).
И ова да се знае, шест лета пред упокојувањето на епископот Климент, се упокои Наум, презвитерот негов.