СВЕТИ НАУМ OХРИДСКИ

Нa 05.01.2017 гoдинa, нa прaзникoт нa свети Нaум Oхридски Чудoтвoрец, вo хрaмoт “Св. Нaум Oхридски” вo Аделaид, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa прoтoереј-ставрoфoр Ефтим Бетински, прoтoерејoт Никoлa Христoски и прoтoѓaкoнoт Никoлче Ѓурѓинoски. Пред зaпoчнувaњетo нa Литургијата, беше извршен чинoт нa преoсветувaње нa хрaмoт. Пo зaвршувaњетo нa Литургијaтa, беше прекршен прaзничниoт кoлaч, a Митрoпoлитoт Тимoтеј се oбрaти кoн верниoт нaрoд сo пригoднa беседa, кoјa интегрaлнo ви јa пренесувaме. Пoкрaј беседaтa, Митрополитот Тимoтеј се oбрaти и личнo кoн верниoт мaкедoнски нaрoд вo Мaкедoнскaтa прaвoслaвнa црквa “Св. Нaум Oхридски” вo Аделaид, сo искренa пoрaкa дa се врaтaт кoн нивнaтa единственa мaјкa црква, Мaкедoнскaтa прaвoслaвнa црквa – Oхридскa aрхиепискoпијa, дa гo изберaт единствениoт вистински пaт кoн спaсениетo сo избoр нa легaлен и легитимен свештеник, зaштo црквaтa без свештеник не е црквa. Митрoпoлитoт ги пoучи и дa не се плaшaт зa нивните имoти, зaштo нa нaшaтa црквa и требaaт луѓе, a не грaдби. Митрополитот Тимoтеј се oсврнa и нa oвие тешки времињa зa Мaкедoнијa и Македонците, нa времетo вo кoе не ни требa рaзделувaње, туку oбединувaње, пa зaтoa и ги предупреди дa не ги слушaaт мaнипулaциите oд oдредени внaтрешни мaнипулaнти нa нaшиoт нaрoд, вoдени честo oд лични интереси, туку дa се издигнaт нaд тoa, и дa ги пoддржaт oние кoи се зaлaгaaт зa дoбрoбитoт нa Мaкедoнците вo oвaa нaшa црквa вo Аделaид, кaкo штo е претседaтелoт нa Oпштинaтa, зaеднo сo упрaвaтa.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Нашиот Спасител Господ Исус Христос, во Својата проштална беседа, ги упатува светите апостоли да бидат Негови проповедници и свидетели кај сите народи и по целиот свет: „Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод” (Јн 15, 16). Тие, ќе бидат проповедници на словото Божјо кај многу народи и Евангелието ќе го пренесат на сите можни простори и ќе ја распространат Црквата Христова. Тие се првите сведоци за Христа, бидејќи, од самиот почетокот беа со Него. Христос ги поучува дека ќе имаат страдања, прогонства, па дури и убиства. Но, да не се плашат, туку да го словат словото Божјо и ако го изгубат овој времен живот, ќе спечалат вечен и блажен, и Он ќе биде со нив.

Покрај апостолите и првите следбеници на Христа, словото Божјо ќе биде сеено и од други Божји избраници и свидетели. Првата Црква ќе биде исполнета со бројно мачеништво, кои својата вера и припадност, ја посведочиле со маченичка смрт. Но, после 313 година, со Миланскиот едикт, христијанството ќе биде слободна религија и ќе престанат мачењата и убиствата на христијаните. Тогаш, ќе се појават монашки заедници, кои, ќе сведочат со својот живот, со своите подвизи и со своето проповедништво за Црквата Христова.

Еден од нив, словар на Словото и проповедник и исповедник на Евангелието е и преподобниот Наум, Охридскиот Чудотворец, чијшто спомен денес го чествуваме. Како што знаеме, св. Наум е ученик и следбеник на светите браќа Кирил и Методиј, Сесловенските учители и просветители. Тој ќе ги следи светите браќа во Моравската мисија, каде што ќе претрпи разни неправди и прогонства и на крај, заедно со останатите ученици, ќе биде продаден како роб од страна на германското, латинско духовништво. Ќе бидат откупени и ослободени, а потоа, ќе продолжат тежок и мачен пат, сè до Плиска. Таму ќе претрпат поинакви малтретирања од грчкиот клир, кој бил инсталиран на дворот на тогашниот цар Борис. По некое време, откако св. Климент ќе биде избран и поставен за епископ Велички, св. Наум ќе ја заземе неговата улога како учител на Охридската школа, односно, школата што ја основал св. Климент. Покрај работата во школото, св. Наум ќе биде истакнат подвижник и молитвеник, каде што ќе изгради и свој манастир на другата страна од Белото езеро, посветен на Светите ангели.

Св. Наум во својот манастир живеел во подвижнички монашки подвиг и покрај тоа што имал извонреден дар за химнописание. Но, монашката скромност ја запазил до крајот на својот живот, каде што се нарекува ништиј Наум – безначаен Наум. Поради неговата вера и поради неговиот свет испоснички живот, се удостоил да ја здобие Божјата благодат, чудотворејќи уште за време на неговиот овоземен живот. Но, и после неговото преселување во вечноста 910 година, Божјата благодат се излива врз многубројни поклоници и молитвеници кои се обраќаат со искрена молитва на неговиот свет гроб.

И ние, кои се наоѓаме во овој свет храм, повикани сме од Господа Христа да бидеме Негови свидетели и проповедници. Според Неговото име се нарекуваме христијани, а преку тоа, помеѓу себе браќа и сестри во Христа. Но, доколку тоа го правиме само формално, само затоа што сме крстени, а не живееме според начелата и прописите на нашата света Православна црква и вера, нема да имаме никаква корист. Потребно е од нашите срца и души да отсечеме секаков престап и грев, секаква злоба и омраза и сите останати непогодности кои прават ограда помеѓу нас и Бога. Па така, да ја засакаме правдата, вистината, верата, љубовта и така подготвени, да можеме да создадеме услов во нас, во нашиот ум и срце, да се исполнува волјата Божја. Така живеејќи да се надеваме на милоста Божја за да спечалиме вечен и блажен живот.

По молитвите на св. Наум, така нека биде. Амин!

Преподобен Наум Охридски
05. 01. 2017 год.
Храм „Св. Наум Охридски” – Аделаид, Австралија

Преземено од: http://dke.org.mk/index.php/2950-a