На 04. 06. 2017 година, во Недела на Педесетница, кога го празнуваме празникот Слегување на Светиот Дух – Духовден, како и споменот на светиот маченик Василск, Вториот Вселенски собор, и на светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Светата Литургија беше отслужена и Вечерна богослужба со коленопреклонување.