На 31.03.2017 година, во петокот од Петтата седмица на Великиот пост, во храмот „Свети Никола“ во Перт, Западна Австралија беше отслужен последниот Акатист на Пресвета Богородица во овој Велики пост, на кој чиноначалствуваше протојерејот Станко Јовановски.
На богослужението учествуваше многуброен народ.
„Јазикот на беседниците не може со песна да те прослави, Владичице, зашто повисоко од серафимите си се издигнала откако Го роди Царот Христос. Него моли Го овој народ да се избави од многуте искушенија“.
песна од Канонот на Акатист на Пресвета Богородица