ПРОСЛАВА ЗА СВЕТИ НИКОЛА – ПАТРОН НА НАШАТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ОПШТИНА „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО ПЕРТ (ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА) / CELEBRATION FOR OUR PATRON SAINT NIKOLA

CELEBRATION FOR OUR PATRON SAINT NIKOLA

 

On Sunday, 17th of December 2017, 28th Sunday after Pentecost in honour of our Church Patron Saint Nikola, the Wonder-worker, whom we celebrate on the 19th of December, After today’s Holy Divine Liturgy, there was a traditional celebration with lunch served at the Macedonian Community Centre in North Perth opposite the Church.

The celebration began at the Church. A multitude of people flocked to the church, where our parish priest, Bishop’s Deputy for Australian Diocese, Protoerej Father Stanko Jovanovski led Holy Divine Liturgy along with Holy Communion. Following the Holy Liturgy, Holy Water was sanctified and the Celebratory Bread was broken.

The Macedonian Orthodox Church (MOC) of St. Nikola would like to express our gratitude and congratulations to Vasil and Rini Alabakov and their family for being Godparents for the God’s year of 2017 and we would like to congratulate Metodija and Nada Trajkovski along with their family for taking the duties of Godparents for the coming God’s year of 2018. May God, Mother Mary and our Holy father St. Nikola be with you all. We pray that the Lord’s hand will guide you in His ways and in His word and keep you safe and healthy for Many Years — Многаja Лета!
At The Macedonian Community Centre prior to the delicious Lenten lunch prepared by our parishioners (many thanks to them) and blessed by our parish priest Protoerej Father Stanko Jovanovski, the KUD Goce Delcev dance group treated us with a display of beautiful Macedonian traditional dances. Many thanks to them for their hard work and for being great ambassadors representing our community at various events over the years.

This year the Honorary Member award went to our brother in Christ, Mr. Dragan Kovacheski for 25 years hard work and dedication in hosting Macedonian community radio programs on 6EBA FM, as well as dedication to the Macedonian community in general. We are very grateful to Mr. Kovachevski for all his hard work and the time given for the good of the community.

With Love in Christ,
Church of St Nikola

Please Note: The Church of St Nikola will be open on Tuesday 19th of December, when we commemorate our Patron Saint Nikola and Holy Liturgy with Holy Communion to be served.

 

ПРОСЛАВА ЗА СВЕТИ НИКОЛА – ПАТРОН НА НАШАТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ОПШТИНА

 

Во недела, на 17 декември 2017 година, 28 недела по Педесетница во чест на патронот на нашата Македонска православна црковна општина, Свети Никола Мирликискиот Чудотворец, кого го прославуваме на 19 декември, по Светата Божествена Литургија се одржа традиционална прослава со ручек во Македонскиот Општински Центар во North Perth , наспроти Црквата.

Прославата започна во Црквата. Многуброен народ ја посети нашата црква, каде што нашиот парохиски свештеник – Архиерејскиот заменик на Австралиско-сиднејската епархија, протојереј отец Станко Јовановcки чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија.

По Светата Литургија беше осветена Света Вода и Славскиот Колач беше прекршен. Македонската православна црквовна општина (МПЦО) „Свети Никола“ би сакала да му изрази благодарност и честитки нa Васил и Рини Алабаков со нивната фамилија за Кумството во 2017 лето Господово , а исто така им честита на Методија и Нада Трајковски со нивнaтa фамилија за преземање на Кумството во 2018 лето Господово. Господ Исус Христос , Мајката Божја и нашиот Патрон Св. Никола, да бидат со сите вас. Се молиме раката Господова да ве води по Неговите патишта и Неговото слово и да бидете здрави и живи многу години – Многаја Лета!

Во Македонскиот Центар пред да бидеме послужени со вкусниот посен ручек, подготвен од нашите парохијани (голема благодарност до нив) и благословен од нашиот парохиски свештеник Архиерејскиот заменик, протојереј, отец Станко Јовановски, КУД Гоце Делчев не удостои со преубави Македонски традиционални ора и игри. Голема благодарност до нив за нивната напорна работа и за тоа што се наши амбасадори кои што долги години одлично ја претставуваат нашата заедница на разни културно уметнички настани.

Оваа година наградата за почесен член му припадна на нашиот брат во Христа, г-дин Драган Ковачески – за неговата 25 годишна макoтрпна работа и посветеност главно во водењето на Македонските радио програми, како и посветеност на македонската заедница воопшто. Голема благодарност до г. Ковачевски за сета негова напорна работа и за неговото време посветено за доброто на заедницата.

 

Со љубов во Христа Бога

Црковен одбор на МПЦО „Свети Никола“

Перт, Западна Австралија