Храмова слава – Свети Климент Охридски
(8 декември 2017 година)
Со благослов на надлежниот архиереј, митрополитот Тимотеј, Македонскиот православен манастир „Свети Климент Охридски” во Кинг Лејк, на 8-ми декември 2017 година ја одбележува својата храмова слава – „Свети Климент Охридски”.
По тој повод, ќе се одржи Божествена Златоустова Литургија со која ке чиноначалствува архимандрит Гаврил (Галев) во сослужение со протојереј-ставрофор Ефтим Бетински и јереј Климент Станковски.
После Богослужбата ќе се изврши Водосвет и Благословување на славскиот колач.
Веднаш по службата, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија (МПОМВ) ќе приреди топол прием на сите присутни во помошните простории на манастирот.
__________________________________________________________
Македонски пикник – „Графчето“
(10 декември 2017 година)
Исто така по тој повод, во неделa нa 10-ти декември 2017 гoдина, МПОМВ ќе гo oдржи својот традиционален пикник вo „паркот на Македонија“ вo Kинг Лејк.
Портите за влез во паркот ќе се отворат во 8.00 часот наутро со цена од $20 наплата по автомобил.
Со почеток во 9.00 часот, архимандрит Гаврил Галев во сослужение на јереј Климент Станковски ќе одржи Божествена Литургија. По Литургијата ќе следи Водосвет и Благословување на славскиот колач во македонскиот православен манастир „Св. Климент Охридски”.
На овој настан, како дел од забавната програма, ќе настапи македонскиот оркестар „Рум Дум Дум” со богат избор на македонски народни песни и ора.
Ги покануваме сите Македонци да се собереме во што поголем број, да се дружиме сите заедно, и на лице место да уживаме во убавините и природата на ова свето место.
За повеќе информации јавете се кај Крис Неделковски на моб. 0410 363 707.