Велигденско послание – 2018
† СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.[1] Подвигот е Негов, а венците наши.[2] Возљубени празникољупци, …
Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам (Викторија)
На 06. 04. 2018 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј-ставрофор Ефтим Бетински отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово. По литијата и трикратниот опход околу храмот, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.
Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свети Никола“ во Перт (Западна Австралија)
На 06. 04. 2018 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојереј Станко Јовановски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово. По литијата и трикратниот опход околу храмот, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.
Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свети Јован Крстител“ во Џилонг (Викторија)
На 06. 04. 2018 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Јован Крстител“ во Џилонг, старешината на храмот протојереј Чедомир Илиевски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово. По литијата и трикратниот опход околу храмот, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение.