Настани

БАДНИК ВО ВОЛОНГОНГ

На ден 06. 01. 2025 година, на Бадник во МПЦО „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, Сиднеј, протојерејот Томе Младеновски отслужи Света Василиева Литургија. На богослужението присуствуваше многуброен верен народ.

КОЛЕДЕ ВО ЕПИНГ

На ден 05. 01. 2025 година, во предвечерието на Бадник, во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба. После богослужбата беше изврешена литија на која учествуваа голем број млади македончиња на кои им беа поделен божикни пакетчиња. Духовната радост продолжи во црковниот двор, каде што се благослови празничниот колач со паричка.

МАНАСТИР „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ – ОХРИД

Манастирот свети Наум Охридски претставува еден вистински бисер и духовно светилиште кое е лоцирано на карпа над охридскиот езерскиот брег. Да се зборува за духовна величина на ова светилиште, претставува предизвик, дури и за најкрасноречивите пишувачи.  Манастирот свети Наум, претставува неисцрпен извор на чудотворства, место каде што живо се чувствуваат Божјата благодат и благословот на охридскиот чудотворец, свети Наум, па токму поради овие факти безбројни се посетителите кои со чиста …

НЕДЕЛНА СВЕТА ЛИТУРГИЈА ЗА ПРАЗНИКОТ НА СВЕТИОТ НАУМ ОХРИДСКИ ВО ГОЛД КОСТ

На 05. 01. 2025 година,  во дваесет и осмата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот преподобен Наум Охридски, чудотворец, во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, јерејот Горан Божиновски  служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.