КАКОВ Е НАШИОТ КРСТ ВО ЖИВОТОТ
Во средината на Великиот пост светата Црква нè повикува на поклонување на чесниот крст Господов. Постот е време за духовни подвизи, за самоиспитување, за покајание и за духовен живот. „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене“ (Мк. 8:34). Така им рекол Христос на Своите ученици и на народот кој бил собран околу Него. Спасителот никого …
КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА И БЛАГОВЕШТЕНИЕ ВО КИНГ ЛЕЈК
На 07. 04. 2024 година, во Третата недела од Великиот пост – Недела Крстопоклона, кога го празнуваме празникот Благовештение, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија), игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
БЕСЕДА ЗА КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА – МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ / SERMON FOR SUNDAY OF ADORATION OF THE CROSS – METROPOLITAN TIMOTHY
Во името на Отецот и Синот и Св. Дух! Драги браќа и сестри, Оваа недела, која преставува средина на Великата Четириесетница, уште се нарекува Крстопоклона недела, затоа што за време на Утрената, светиот Крст се изнесува на поклонение насреде црква. Во Светото писмо, нашиот Спасител, Господ Исус Христос, вели: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди …
МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ
На 05. 04. 2024 година, во третиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.