ЖИВОТ ВО ОПИТНОСТ И ПОЗНАНИЕ – ОТЕЦ ГАВРИЛ ГАЛЕВ
Христос воскресна! Повторно ќе кажеме, Христос е центар на нашиот живот, а Христовото воскресение е најголемиот и најбитен настан во историјата на човештвото. Без Христовото воскресение човекот е ништо, а без Неговото воскрсение животот е само сенка и сон. Но Христос се воплоти и вочовечи, и со својата смрт и воскресение му даде повторно смисла и живот на човекот. Затоа нашиот живот треба да се базира на верата во Христос …
СВЕТА ЛИТУРГИЈА ВО ГОЛД КОСТ НА ПРАЗНИКОТ ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА
На 10. 05. 2024 година, кога го празнуваме споменот на , а воедно и празникот Источен Петок – Балаклија, во црковната општина „Света вмч. Недела“ во Голд Кост, старешината на храмот, јереј Горан Божиновски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА
Во Цариград во V век, во близина на таканаречената „Златна Порта“ постоело место полно со кипариси и чинари, уште одамна посветено на Пресвета Богородица. Во шумичката постоел извор, исто така одамна познат како источник на чуда. Со текот на времето местото обраснало со грмушки, а водата исчезнала во калта. Само влажноста на земјиштето навестувала дека постои извор. Еднаш војникот Лав Маркел минувајќи низ тоа место наишол на беспомошен патник, слеп …
ВТОР ДЕН ВЕЛИГДЕН И ЃУРЃОВДЕН ВО ЕПИНГ
На 06. 05. 2024 година, втор ден Велигден, кога Светата црква го празнува споменот на светиот вмч. Георгиј – Ѓурѓовден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев), игумен на манастирот во Кинг Лејк и старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Засилиева Литургија со што беше прославена храмовата слава на храмот. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.