Настани

ПРАЗНИКОТ НА СВЕТИТЕ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА ПРОСЛАВЕН ВО ЕПИНГ

На 03. 06. 2024 година, кога го празнуваме споменот на Светите рамноапостолни цареви Константин и Елена, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

ЛИТУРГИЈА ВО НЕДЕЛАТА НА САМАРЈАНКАТА ВО ГОЛД КОСТ

На 02. 06. 2024 година, во 5 Недела по Воскресение (на Самарјанката), кога го празнуваме споменот на Светиот маченик Талалеј и на Светиот маченик Аскалон, во црковната општина „Света вмч. Недела“ во Голд Кост, старешината на храмот, јереј Горан Божиновски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

ВЕРОНАУКА СО ОТЕЦ ГАВРИЛ ВО ЕПИНГ

На ден 30. 05. 2024 година во просториите на Македонскиот културен центар при Македонската црковна општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг се оддржа третиот дел од предавањето „Правилно запознавање на православната вера и живеење“. На предавањето присуствуваа голем број на верници.

ВЕРОНАУКА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ ВО ЕПИНГ

Во просториите на Македонскиот културен центар при МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг секоја среда се одржува веронаука на македонски јазик за деца од предучилишна возраст.