Лазарева сабота во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 08. 04. 2017 година, кога се празнува споменот светиот архангел Гавриил; светиот свештеномаченик Иринеј, епископ Сремски; преподобен Малх и преподобен Василија нови (Лазарева сабота), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
СООПШТЕНИЕ: РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ 2017 ГОДИНА во Соборниот епархиски храм на Македонската православна црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн
04.2017 – НЕДЕЛА – ЦВЕТНИЦИ – Света Божествена Литургија, почеток во 9,00 наутро. 04.2017 – ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК – Света Божествена Василиева Литургија, почеток во 9,00 наутро. По Литургијата ќе се отслужи Општ Маслосвет; ВЕЧЕРТА – Утрена богослужба со читање на 12 Евангелија за Христовите страдања, ИЗНЕСУВАЊЕ НА РАСПЕТИЕТО ХРИСТОВО, почеток во 7.00 часот навечер. 04.2017 – ВЕЛИКИ ПЕТОК – ЦАРСКИ ЧАСОВИ со ВЕЧЕРНА Богослужба и ИЗНЕСУВАЊЕ НА ПЛАШТАНИЦАТА, почеток во …
СООПШТЕНИЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ БОГОСЛУЖБИ ВО ЦРКВАТА „СВЕТИ НИКОЛА“ КАБРАМАТА 2017
ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК – 13–ти април 8:30 наутро: Света Василиева литургија, на крајот ќе има Причесна и Маслосвет; 6:00 навечер: Читање на дванаесетте евангелија за Христовите спасителни страдања. ВЕЛИКИ ПЕТОК – 14–ти април 8:30 наутро: Царски часови и изнесување на Плаштаницата; 6:00 навечер: Христово погребение со пеење на трите статии. ВЕЛИКА САБОТА – 15–ти април 30 наутро: Света Василиева Литургија и Света Причест; 11:30 навечер: Пред …
Лазарева сабота во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 08. 04. 2017 година, кога се празнува споменот на светиот архангел Гавриил; светиот свештеномаченик Иринеј, епископ Сремски; преподобен Малх и преподобен Василија нови (Лазарева сабота), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.