Настани

Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)  

На 14. 04. 2017 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово. По литијата и трикратниот опход околу манастирската црква, верниот народ поклонувајќи се ја целива плаштаницата и ги возвеличи Христовите страдања и доброволното погребение. Господи Боже мој, Ти пеам песна …

Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 14. 04. 2017 година, во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски отслужи Утрена богослужба на која, пред гробот и Христовата плаштаница, беа испеани Статиите на Оплакувањето Христово. На службата учество зеде мноштво верен народ.  Јосиф, откако го испроси од Пилата чесното тело, со чиста плаштаница го завиткува, и со божествени …

Царски часови и вечерна богослужба во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 14. 04. 2017 година, во светиот и Велики Петок од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски отслужи Царски часови и Вечерна богослужба, на која символично се соврши симнувањето од Крст и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело. На службата учество зеде мноштво верен народ.  Кога беше положен во нов гроб заради сите, Избавителу на сите, смешниот …

Царски часови и вечерна богослужба во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 14. 04. 2017 година, во светиот и Велики Петок од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) отслужи Царски часови и Вечерна богослужба, на која символично се соврши симнувањето од Крст и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело. На службата учество зеде мноштво верен народ.   Тебе, Кој со Светлина се облекуваш како со облека, кога Јосиф Те симна од крстот со Никодим, …