Воскресение Христово во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
Воскресението Твое, Христе Спасителе, ангелите го воспеваат на небесата, а нас, кои сме на земјата, удостој нè, со чисто срце да Те славиме. На 16. 04. 2017 година, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) го објави светлото Христово Воскресение и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, …
Велигденско послание
† СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСE! Овој е денот што го создаде Господ, за да се зарадуваме и да се развеселиме во него![1] Возљубени празникољупци, Денес велегласно бијат …
Велигденско послание од Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј
Митрополит Тимотеј Во името на Отецот и Синот и Св. Дух! „Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и возвеселиме во него“ (Пс. 117, 24) Драги браќа и сестри, Овој ден е навистина радосен и спасителен за сите верници. За него мечтаеле старозаветните праведници. Многумина од нив би биле многу радосни, доколку, би можеле да Го созерцаваат, но, не се удостоиле за тоа. …
Огласително слово на светиот и светлоносен ден на преславното и спасително Воскресение на Христа нашиот Бог, од светиот наш отец Јован Златоуст, архиепископ Константинополски.
Кој е набожен и кој Го љуби Бога, нека се наслади од ова добро и светло торжество. Кој е верен слуга, со радост нека влезе во радоста на својот Господ. Оној што се потрудил да пости, сега нека ја прими својата награда. Кој работел од првиот час, денес нека ја прими праведната плата. Ако некој дошол во третиот час, нека празнува благодарејќи. Кој стигнал по шестиот час, да не се …