Настани

Источен Петок – Балаклија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 21. 04. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светите апостоли Иродион, Агав, Руф и др; Источен Петок – Балаклија, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.          

Велигденска посета

На 18. 04. 2017 година (вторник од Светлата седмица), старешината на храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, јерејот Климент Станковски по повод Велигденските празници го посети македонскиот народ во старските домови, како и претставниците на македонскиот бизнис и им го честита празникот Воскресение Христово – Велигден.   Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, на тие во гробовите живот им подари! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!  

Воскресение Христово (трет ден) во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Наутро рано подрануваме и наместо миро на Господа песна да Му пренесеме, и да го видиме Христа – Сонцето на правдата, Кој на сите живот им засветли.   На 18. 04. 2017 година (вторник од Светлата седмица), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.   Христос …

Воскресение Христово (втор ден) во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Кога воскресна Исус од гробот, како што прорече, ни даде живот вечен, и милост голема.   На 17. 04. 2017 година (понеделник од Светлата седмица), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.   Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на тие во …