СООПШТЕНИЕ ОД СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД НА МПЦ-ОА ПО ПОВОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ
Синодско соопштение Ја информираме јавноста и верниот народ дека денес, понеделник, 25 ноември 2024 година, по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј. Царство небесно и вечен спомен! Датумот и времето на опелото ќе бидат дополнително објавени. Кратка биографија на Митрополитот Тимотеј (1951 – 2024) Митрополитот г. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Потекнува од …
СЕ УПОКОИ ВО ГОСПОДА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ И АДМИНИСТРАТОР АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКИ Г. ТИМОТЕЈ
Со голема тага ја примивме жалната вест дека денес на 25. 11. 2024 година по кратко боледување се упокои во Господа, нашиот надлежен архиереј, Митрополитот Дебарско- кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Бог да го прости и да му дарува Царство небесно! After a short illness, the Metropolitan of Debar and Kichevo, Timothy reposed in the Lord. May God forgive him and grant him the Kingdom of Heaven! …
СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ГОЛД КОСТ
На 17. 11. 2024 година, во дваесет и првата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Преподобен Јоаникиј Велики; Светиот свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и на Ермеј презвитерот, во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, јерејот Горан Божиновски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА ВО ЕПИНГ
На 10. 11. 2024 година, во дваесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Параскева (Петка); Светиот маченик Теренциј; Свети Стефан Саваит; Свети Атанасиј, патријарх Цариградски; Свети Димитриј, епископ Ростовски и на Преподобен Арсениј Кападокиски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.