Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 11. 06. 2017 година, во 1-та Недела по Педесетница (на Сите Светии), кога го празнуваме споменот на Првиот Вселенски собор; светата маченичка Теодосија Тирска; преподобната маченичка Теодосија; свети Александар, епископ Александриски; светиот маченик Нан (Јован) Солунски и падот на Цариград, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Петровденски (Апостолски) пости
Секој ден е благословен од Господа, а особено посните денови кои се за зголемување на нашата духовна будност и внимание над срцето и негово чистење од страстите. Постот и молитвата ни се голем дар Божји, без кој за нас луѓето нема обожување и спасение. Тие се наше благодатно учество во Крстот Христов, па затоа и во Неговото Воскресение. Постот и молитвата ги осветил и ни ги подарил во Црквата Самиот …
Педесетница во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 04. 06. 2017 година, во Недела на Педесетница, кога го празнуваме празникот Слегување на Светиот Дух – Духовден, како и споменот на светиот маченик Василск, Вториот Вселенски собор, и на светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски, во во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Светата Литургија беше отслужена и …
Празникот Духовден во храмот „Свети Никола“ во Перт (Западна Австралија)
На 04. 06. 2017 година, во Недела на Педесетница, кога го празнуваме празникот Слегување на Светиот Дух – Духовден, како и споменот на светиот маченик Василск, Вториот Вселенски собор, и на светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски отслужи света Златоустова литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Светата Литургија беше …