Настани

Делегација од Австралиско – сиднејската епархија присуствуваше на премиерата на духовниот концерт „Цела ноќ бдение“

Во Австралиско – новозеландската епархија на Руската Задгранична православна црква, со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот г. Иларион, Прв ерарх на Руската Задгранична Црква, Митрополит на Њујорк и Источна Америка и Архиепископ Австралиско – сиднејски, како и со благослов на Неговото Преосвештенство  Епископ г. Ѓорѓи на Канбера и викарен епископ на Австралиско – новозеландската епархија, на 12 ноември 2017 година во Мелбурн, се одржа долгоочекуваната премиера на хорската изведба „Сите …

Божествена литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 12. 11. 2017, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот Зиновиј и сестра му Зиновија; светите апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни и на отец Гаврил му посака топло добредојде назад во Австралија, по неколку неделната …

Игуменот Гаврил (Галев) беше произведен во Архимандритски чин

На 10. 11. 2017 година, кога Светата Црква го слави споменот на светата Параскева Икониска, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Струмички г. Наум во сослужение на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф и на надлежниот епархиски архиереј на Кумановско – осоговската епархија, Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. д-р Јосиф служеше Бдение со Света Златоустова Литургија во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Куманово. На Божествената Литургија, во Архимандритски чин беше произведен Игуменот на …

Прославен храмовиот празник свети вмч. Димитриј во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

 На 08. 11. 2017 година, кога го празнуваме споменот на свети великомаченик Димитриј Солунски (Митровден), вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, протојереј – ставрофор Љубомир Милошоски во сослужение со старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Златоустова Литургија со што беше прославена храмовата слава. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.