СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ЕПИНГ
На 25. 08. 2024 година, во деветта недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите маченици Аникита и Фотиј и на Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА MOYA
Македонската православна младина на Австралија (MOYA) секој месец организира настан. Овој месец тоа беа спортски активности, кои се одржаа на 24 август.
ПРАЗНИКОТ ПРЕОБРАЖЕНИЕ ЛИТУРГИСКИ ПРОСЛАВЕН ВО ВОЛОНГОНГ
На 19. 08. 2024 година, кога го празнуваме празникот на Преображението на Господ Исус Христос на Тавор;, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, протојерејот Томе Младеновски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Веднаш по Литургијата беше благословен лозовиот плод.
БЕСЕДА ЗА ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)
На овој ден светата Православна Црква го слави споменот на светото Христово Преображние на гората Тавор пред очите на апостолате кое во суштина е и нивно преображение. Имено, тој настанот од Светото Евангелие во кој се опишува како Господ пред да појде на своето славно страдание, се искачил сам на гората, а со себе ги зел Петра, Јакова и Јована, и се молел цела вечер сам. Потоа се преобразил, Неговото …