Настани

Божествена литургија за празникот Свети Никола во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 19. 12. 2017 година, кога го празнуваме споменот свети Никола, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, протојереј – ставрофор Љубомир Милошоски во сослужение со старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени Славските колачи.

Прославен празникот Свети Никола во храмот „Свeти пророк Илија“ во Квинбијан, (Нов Јужен Велс)

На 19. 12. 2017 година, кога го прославуваме празникот Свети Никола, во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, старешината на храмот протојерејот Ѓорѓи Митев служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени Славските колачи.

Празникот свети Никола прославен во храмот „Свeти Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 19. 12. 2017 година, кога го прославуваме празникот Свети Никола, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски служеше Света Златоустова Литургија, со што беше одбележан храмовиот празник. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени Славските колачи.   Tuesday, 19th of December 2017, when we celebrate St. Nicholas the Wonderworker Archbishop of Myra, our parish priest, …

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 19. 12. 2017 година, кога го празнуваме Свети Николај, архиепископот Мирликиски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени Славските колачи.