Управата на Македонската црковна општина „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија) со благодарност до сите добродетели на храмот
На 22. 12. 2017 година, јерејот Климент Станковски, кој е старешината на храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, од името на Управата на црковната општина се сретна со сите оние кои изминатава година ја поткрепуваа црквата, им се заблагодари од името на сите верници, кои се црквуваат во црковната општина. Нека Семоќниот Бог им ги услиша молитвите, нека им подари здравје, мир и благосостојба во нивните домови.
Ново списание во Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во издание на Австралиско-сиднејската епархија: Излезе од печат првиот број на периодиката „КИНОНИЈА“
Излезе од печат првиот број на периодиката „КИНОНИЈА“ – посветен на големиот јубилеј „50 години возобновена автокефалност на Охридската архиепископија како Македонска православна црква (1967 – 2017)“ По милоста Божја Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј – излезе од печат првиот број, т.е. двоброј 1/2 од периодиката на Австралиско – сиднејската православна епархија – списанието „КИНОНИЈА“. Др. Ананија Ананиевски – …
С О О П Ш Т Е Н И Е
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА Австралиско-сиднејската православна епархија секојдневно и засилено работи на постојано развивање на мисијата со цел континуирано унапредување на црковниот живот и обединување и конечно сполотување на Македонскиот народ во Австралија. МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА СОБОРНА ЦРКВА „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ – СИДЕНХАМ Возљубени во Господа, ние како Управа на Македонската православна црковна општина „Успение на Пресвета Богородица“ – Сиденхам, Мелбурн (Викторија), …
Tоржествено прославен празникот Свети Никола во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 19. 12. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Свети Никола, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, архимандриот Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија. Свештенството заедно со верниот народ пред почетокот на Литургијата свечено ги пречекаа светите нетлени мошти од свети Игнатиј Богоносец и на свети Василиј Велики, кои ги испрати сестра Илијана (Илкова), игуманија на Марковиот манастир од …