Настани

Прославен празникот Свети Никола во храмот „Свeти пророк Илија“ во Квинбијан, (Нов Јужен Велс)

На 19. 12. 2017 година, кога го прославуваме празникот Свети Никола, во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, старешината на храмот протојерејот Ѓорѓи Митев служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени Славските колачи.

Празникот свети Никола прославен во храмот „Свeти Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 19. 12. 2017 година, кога го прославуваме празникот Свети Никола, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски служеше Света Златоустова Литургија, со што беше одбележан храмовиот празник. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени Славските колачи.   Tuesday, 19th of December 2017, when we celebrate St. Nicholas the Wonderworker Archbishop of Myra, our parish priest, …

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 19. 12. 2017 година, кога го празнуваме Свети Николај, архиепископот Мирликиски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени Славските колачи.

Делегација од Австралиско – сиднејската епархија при МПЦ – ОА присуствуваше на Интронизацијата на епископ г. Василиос за нов Митрополит на Антиохиската епархија за Австралија, Нов Зеланд и Филипини

На ден 16 (сабота) декември 2017, во Сиднеј беше извршена Интронизацијата на наследникот на блаженоупокоениот Митрополит Павле (Салиба), епископот г. Василиос на тронот на Австралиско-новозеландско-филипинската епархија на Антиохиската Патријаршија. Интронизацијата ја изврши Антиохискиот патријарх Јован Х, кој периодов е во посета на Австралија. На интронизацијата присутвуваа преставници од Помесните православни цркви, кои битисуваат на Австралиско тло. Своја делегација на интронизацијата имаше и Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Делегацијата ја …