Божик во храмот „Свeти Наум Охридски“ во Аделаид (Јужна Австралија)
На 07. 01. 2018 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), во црковната општина „Свети Наум Охридски“ во Аделаид, архимандритот Гаврил (Галев) служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени приносите и се одржа трпеза на љубовта на која отец Гаврил и верниот народ ја имаа можноста подобро да се запознаат и да поразговараат за …
Божик во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 07. 01. 2018 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Божик во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 07. 01. 2018 година, кога го празнуваме празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, протојереј-ставрофор Љубомир Милошовски во сослужение на старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени приносите.
Бадник во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 06. 01. 2018, во предвечерието на празникот Рождество на Господ Исус Христос (Божик), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Вечерна богослужба.