Со благослов на надлежниот архиереј на Австралиско – сиднејската епархија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, во мисија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на Австралиско тло, односно во Австралиско – сиднејската епархија пристигна новиот свештеник, презвитерот Игор Младеновски, кој од Куманово доаѓа на позицијата парох при Македонската православна црковна општина „Свети Никола“ во Кабрамата „Saint Nicholas“ – Macedonian Orthodox Church – 79 Cabramatta Rd. Cabramatta NSW 2166).
Новиот парохиски свештеник, отецот Игор со своето семејство на 25. 12. 2017 година пристигна во Сиднеј. Со неговото доаѓањето ќе продолжи активно литургиско-богослужбениот и духовно просветниот живот во црковната општина, кој претходно беше активно воден од протојереј-ставрофор Ѓорѓија Лапоски.
Австралиско – сиднејската епархија со доаѓањето на презвитерот Игор Младеновски – се здоби со уште еден свештеник, со што уште еднаш покрај низата досегашни проекти покажа дека се грижи за своите верни чеда.
Од име на цела Епархија на отец Игор му посакуваме топло добредојде во Сиднеј и лесно и среќно прилагодување во новата средина, и секако успешна мисија на новата нива Господова во Австралија. Исто така, пак на отец Ѓорѓија Лапоски му посакуваме мирни и спокојни пензионерски денови и секако уште долги години да Му служи на Бога во епархиските храмови.