MOYA ВО ПОСЕТА НА ТAСМАНИЈА

Членови на младинската организација MOYA заедно со отец Гаврил Галев беа во посета на Тисманија, каде што истражувајќи ја природната убавина во Хобарт се воодушевуваа од Божјите чудесни творби.

Посетата на Хобарт заврши со заедничка Литургија со отец Џон Симон од епархијата на ROCOR за Австралија и Нов Зеланд во храмот „Воздвижение на Светиот крст“ во Хобарт, парохија која беше формирана во 1949 година од руски и српски емигранти.

Слава на Бога!