На 23. 02. 2018 година во предвечерието на празникот Тодорова сабота, во црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ во Волонгонг, старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.
Утредента на 24. 02. 2018, во саботата од првата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го празнува празникот Тодорова сабота и споменот на Светиот свештеномаченик Власиј; +Светиот маченик Георгиј Кратовски и Света Теодора, во црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ во Волонгонг, старешината на храмот, ерејот Роберт Илијевски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.