Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 18. 02. 2018, во Неделата на Адамовото изгонување од рајот (Сиропусна или Недела на простувањето), кога Светата Црква го празнува споменот на Светата маченичка Агатија; Светата маченичка Теодула; Свети Полиевкт, патријарх Цариградски – Прочка, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и взаемно си побараа прошка и си простија едни со други.

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј 6,14-21

  1. Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен;
  2. ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето, и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите.
  3. Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда.
  4. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое,
  5. па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред својот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.
  6. Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат;
  7. но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат;
  8. зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.

 

Апостол: Рим. 13:11,13:14;14:1,14:4;

  1. Па, знаејќи го ова време дека дошол веќе часот, тоа да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога поверувавме.
  2. Ноќта помина, а денот се приближи: да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
  3. Да одиме чесно како дење – не во срамни гоштавки и пијанство, не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во препирка и завист;
  4. туку облечете се во Господа нашиот Исуса Христа, и грижата за телото не претворувајте ја во похоти.
  5. Слабиот во вера примајте го без расправии за мислењата,
  6. оти некој верува дека може да јаде сe, а немошниот јаде зелје.
  7. Кој јаде, нека не го укорува оној, што не јаде; и кој не јаде, нека не го осудува оној, што јаде, бидејќи Бог го примил.
  8. Кој си ти што му судиш на туѓ слуга? Пред својот господар тој стои или паѓа. Но ќе биде исправен, зашто Бог е моќен да го исправи.