На 04. 03. 2018 година, во втората недела од Великиот пост – Неделата на свети Григориј Палама, кога Светата Црква ги празнува светите апостоли Архип, Филимон и Апфија, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.