На 25. 03. 2018 година, во петтата недела од Великиот пост – Недела на света Марија Египетска, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Теофан Исповедник; Преподобен Симеон Нов Богослов; Свети Григориј Двоеслов, папа Римски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.